Со Vivaro-e, Opel започна да го исполнува ветеното
Објавено на 6 ноември 2019 година
Само што го даде, Opel започна да го исполнува ветувањето за електрификацијата на гамата. Офанзивата на ова поле ја продолжува со Vivaro-e, кој ќе пристигне на пазарот во 2020 година. Купувачите кои во овој сегмент се запоставени ќе можат да бираат меѓу две големини на батериите според своите потреби, со 50 kWh и автономија од 200 или 75 kWh и 300 km според WLTP стандардот. Значењето на овој модел е поголемо отколку она што го имаат електричните автомобили. Возилата без штетни емисии во сé поголем број урбани средини се наметнуваат како задолжително решение во битката со загадувањето и потребата за електрични лесни комерцијални возила експоненцијално ќе расте.
После Vivaro, Opel ја најави и електричната верзија на Combo која ќе пристигне во текот на 2021 година. Сето ова е дел од јасната стратегија сите Opel-ови модели да бидат електрифицирани до 2024 година.