Системи за препознавање пешаци » Колку навистина се корисни?

Колку навистина се ефикасни системите за препознавање пешаци?

Една студија на американската автомобилска асоцијација ААА покажа загрижувачки резултати за ефикасноста на новите технологии

Објавено на 7 октомври 2019 година

Безбедносните асистенти не случајно се нарекуваат така. Тие се наменети за помош на возачот, а не да го заменат. Но секој од нас во целост и безусловно го поддржува нивното воведување. Најмногу пешаците, кои заедно со велосипедистите се најзагрозени во сообраќајот. Сепак, колку новите технологии навистина се ефикасни?

На ова прашање со тестирање на сигурносните системи за препознавање на пешаци одговори американската автомобилска асоцијација ААА. А одговорот никому нема да му се допадне, ниту на производителите на возила, ниту на возачите. За пешаците воопшто да не зборуваме, бидејќи се покажа дека овие системи не се толку ефикасни колку што се мисли. Беа тестирани четири возила во неколку реални ситуации кои се случуваат во секојдневниот сообраќај. Една од нив е кога возило кое врти десно налетува на пешак. Резултатите покажаа дека во вакво симулирано сценарио системите воопшто не реагираат, удирајќи ја секогаш куклата што имаше улога на пешак. Лошо во 80 отсто случаи поминуваат и две лица кои стојат на патот свртени со грб кон автомобилот што им се приближува. Алармантни се и 89% од ситуациите кога дете ќе истрча меѓу две паркирани возила, додека најдобри шанси за да помине без последици има пешакот кој ќе му го пресече патот на автомобилот, но само дење. Во овој случај системите го избегнаа сударот во 40 отсто случаи при помали брзини, додека при поголеми процентот паѓа. Ноќе пак ниту еден од системите не реагираше на пешакот.

Финалниот заклучок на ААА е дека овие системи работат неконзистентно, додека ноќе се покажале целосно неефикасни. Затоа секогаш треба да се гледа и лево и десно, било да сте пешак или возач. Според црната статистика, на американските патишта лани имаат загинато 6.227 пешаци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER