Се шири продажната мрежа за метан
Макпетрол извести дека метан горивото отсега е достапно и на бензинската станица Гевгелија
Објавено на 23 јули 2019 година
Според циклусот инвестиции во сопствените капацитети, најголемата компанија за нафта и нафтени деривати во државата Макпетрол ја вклучи и бензинската станица Гевгелија која се наоѓа непосредно до граничниот премин Богородица во продажната мрежа за метан. После Влае, Партизанска, Чојлија и Куманово, ова е пета бензинска станица на која корисниците на вакви возила можат да наполнат од ова еколошко и евтино гориво. Исто така од 1 август годинава метанот ќе биде достапен и на бензинската станица во Битола лоцирана на магистралниот патот кон Грција.