Серија 8 Gran Coupe :: Започнува нов милениум за BMW

Новитети Поглед во иднината

Започнува нов милениум за BMW

Баварската компанија се откажа од Gran Tourismo верзијата на серијата 3, но ја воведе Gran Coupe изведбата на серијата 8

објавено на 9 мај 2019 година

Светот оди само напред. Автомобилите се сé поголеми, полуксузни, поскапи. Кога се појавија Gran Tourismo верзиите на сериите 3 и 5 се запрашавме дали на BMW навистина му требаат вакви модели. Времето покажа дека купувачите не се многу наклонети кон нив, исто како и за сличната изведбата на серијата 6 која ја носеше ознаката Gran Coupe. Бизнисот сепак не секогаш е компатибилен со емоциите, а неговите правила велат дека еден ваков модел треба да се има во гамата. Колку поголем, полуксузен и поскап, толку подобро.

Затоа и сега се појавува Gran Coupe варијантата на серијата 8 на BMW, која ќе биде над сé досега покажано. Премиерата ѝ е закажана за месец ипол, заради што не ги знаеме сите официјални детали за неа. Од досега познатото ќе ги издвоиме должината од околу 5 метри, од која поголем дел отпаѓа на меѓуоскиното растојание. Тоа во однос на стандардната осмица е зголемено, но засега не се знае за колку. Еден од моторите во понудата на 8 Gran Coupe ќе биде 4,4 литарскиот твин-турбо V8 бензинец со 530 коњи, спарен со 8-степен менувач. Може да се очекува и со трилитарски дизел со 320 коњски сили, кој секако ќе задвижува сите четири тркала. BMW за новиот модел меѓу другото има предвидено и адаптивно ослонување, активен диференцијал на задната оска и бројни електронски помагала. Гамата подоцна ќе биде дополнета и со спортската М8 варијанта со 600 или 625 коњски сили.

Продажбата на топ моделот на BMW ќе започне во септември.

клучни зборови: ,