Себичноста и големината на Елон Маск

Top News Занимливости

Себичноста и големината на Елон Маск

Објавено на 19 март 2020 година

За три дена Елон Маск и Tesla три пати се најдоа во топ-вестите. Првиот пат затоа што започна испораката на модел Y. Вториот пат со тоа што Маск одби да постапи по препораките да прекине со производството на возила, по што локалниот шериф со извршна наредба стави катанец на фабриката во Фримонт. Третиот пат пак со својата понуда до властите Tesla да произведува респиратори, коментирајќи во своето твитер обраќање дека опасноста од паниката е поголема од опасноста од коронавирусот и ако премногу медицински ресурси се распределат на короната, тоа ќе биде на штета на лекувањето на други болести.

 

клучни зборови: