Руски анти-корона феномен

Top News Занимливости

Руски анти-корона феномен

Додека во цел свет продажбата на автомобили паѓа, во Русија расте, и тоа со двоцифрено темпо

Објавено на 10 април 2020 година

Коронавирусот се шири и низ Русија, но додека секаде производителите на автомобили бележат драстично опаѓање на продажбата, таа таму расте иако како што е случај со многу други земји, и оваа држава е парализирана од Кивид-19 пандемијата. Бројките на заразени таму сé уште се ниски во однос на големината на руската популација, што делумно е една од причините со кои се објаснува 23-процентното зголемување на продажбата на нови возила во март, која надмина 160 илјади единици. Имено, бидејќи допрва се очекува болеста да го достигне својот пик, руските власти ги пратија вработените во јавниот сектор на принуден одмор до крајот на месецов, а работата ја прекинаа и бројни фабрики. Тоа многумина го искористија за да отпатуваат од големите градови во помирни места, за што секако им требаат автомобили.

Според официјалната статистика, најпопуларна марка и понатаму е домашната Lada, која држи петтина од пазарот, но во март нејзината продажба порасна за само 6,6 отсто во однос на истиот месец пред една година. Многу подобро поминаа второ и третопласираните Kia  (+34,9%) и Hyundai (+29,3%), кои скоро да се сметаат за „домашни” марки бидејќи скоро сé што продаваат доаѓа од нивната фабрика во Санкт Петербург со висок удел на локализација на компонентите. Понатаму следат Renault (+10,2%) и Volkswagen (+39,5%), а топ-10 листата ја дополнуваат уште и Toyota, Škoda, Nissan, BMW и Mercedes. Кога станува збор за најпродаваните модели, на првото и второто место се Lada Granta (11.986 продадени возила) и Vesta (10.817). Блиску до нив е и Kia Rio (9.751), зад кој се Hyundai Creta (8.123) и Volkswagen Polo Sedan (5.859).

клучни зборови: