Рускиот Aurus не може на запад!

Рускиот Aurus не може на запад!

Помина само малку време откако луксузниот Aurus Senat со сиот свој сјај заблеска пред европската публика, а веќе се појавија првите пречки за негов пласман

објавено на 25 април 2019 година

Проблем наводно е името Aurus чија регистрација во европскиот сојуз за интелектуална сопственост е оспорена од страна на Toyota, Lamborghini и Michelin. Овие три компании секоја за себе независно сметаат дека називот Aurus е премногу сличен на името на веќе пензионираниот Auris, кросоверот Urus и семејството француски пневматици Taurus. Истиот назив го користи и Ford за својот голем седан што го продава во Америка и Кина, но тој не смета дека некој може да го помеша со путиновата претседателска лимузина.

Русите пак многу не се секираат за тоа. Производството на Aurus е распродадено за оваа и идната година а акцентот за понатаму ќе биде ставен на азиските пазари, пред сé Блискиот Исток. Поддршката за тоа во вид на 110 милиони евра стигна од државниот инвестициски фонд на Обединетите Арапски Емирати, кој за возврат ќе се стекне со 36 отсто од акциите на компанијата. Овие средства ќе бидат наменети за организација на масовно сериско производство и развој на дистрибутивната мрежа. Покрај претстојните нови модели – кабриолетот и моноволуменецот, во план се и кросовер и мотоцикли.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER