Редизајн за Audi RS5 » Ново лице, познат мотор

Ново лице, познат мотор

После S5, Audi го освежи и RS5

Објавено на 11 декември 2019 година

Очекувано, измените на освежениот RS5 се сведени на благо затегнување на лицето кое сега го краси пошироката Singleframe маска. Додадени се и Matrix LED фарови со карактеристичниот светлосен потпис, како и дополнителните всисни отвори за воздух по узор на култниот Audi Quattro од 80-тите години. Силуетата ја красат проширените блатобрани, а задниот дел поголемиот дифузор и светлата со нова графика. Во внатрешноста без разлика дали се работи за Coupe или Sportback варијантата, измените се минимални. Пред возачот се наоѓаат познатите дигитални инструменти, а централниот екран е поголем и чувствителен на допир. Заради тоа исфрлено е тркалезното копче со кое се командуваше со инфозабавниот систем, што можеби и не е најпрактично решение. Под хаубата сé остана исто – добро познатиот 2,9 литарски твин-турбо мотор со 450 коњи и понатаму ќе биде задолжен за доведување на перформансите на огнено ниво. Таква е и цената, која во Германија стартува од 83.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER