Регулирани или не, цените на горивата пораснаа
Започнува втората недела откако на нашиот пазар горивата се продаваат по нерегулирани цени, кои, согласно поскапувањето на нафтените деривати на светските берзи, се зголемија. Така од ноќеска на полноќ литар бензин од 95 октани ќе чини 72 денари, литар од поквалитетниот од 100 октани 74 денари, а литар дизел 66 денари. Овие цени се однесуваат за бензинските пумпи на Макпетрол. Но веројатно и другите трговци со горива во Македонија ќе ги применуваат.