Реакција на Volvo Cars Macedonia
Објавено на 22 јули 2019 година
Во врска со денешните вести за повлекување на 1 милион возила на Volvo Cars од пазарот кои се појавија на дел од медиумите, Volvo Cars Macedonia испрати официјална информација со соопштението кое ја содржи комплетната информација за настанатата ситуација и кое во целост ви го пренесуваме
Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!
Низ медиумите „проструи“ вест дека Volvo Cars на светско ниво „повлекува или повлекол“ 1 милион возила поради проблем кој може да доведе до пожар во моторот, но се работи за неточна информација.
Volvo како бренд е светски лидер кога станува збор за безбедноста и токму благодарение на ревносните истражувања на шведските инженери дојдено е до заклучок дека можен е потенцијален проблем кај дел од автомобилите во оптек.
Имено, се работи за дел од автомобилите со 4-цилиндрични дизелски мотори од моделските години 2014 до 2019 за кои истражувањата на Volvo открија дека постои можност, при одредени услови, да дојде до топлинско деформирање или растопување на пластичните делови од всисната грана, што во многу ретки случаи може да дојде и до локално потпалување на истите.
Сепак, клучно е да се потенцира дека досега не е забележан НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ на ваков проблем (растопување или пожар) и повикот на Volvo Cars до сопствениците на овие автомобили е исклучиво од превентивна природа. Тоа што Volvo како бренд јавно ги повикува сопствениците да го посетат својот овластен Volvo сервис е уште еден доказ за исклучително високото ниво на професионалност и високи стандарди според кои работи брендот.
Volvo Cars и понатаму останува најбезбедниот бренд на пазарот.