Горивата за уште еден денар поскапи
Откако регулаторната комисија за енергетика среде минатата недела ги поскапи горивата за 2, сега тоа го стори за уште 1 денар. Причините се познати – порастот на берзанските цени на референтните нафтени деривати и на курсот на доларот. Така, цената на бензинот 95 се искачи на 85,50 денари за литар, на бензинот од 98 октани на 87,50 денари, а на дизелот на 76,50 денари за литар.