Премиера : Porsche Tycan – Подобрен во секоја категорија

Ажурираниот Taycan сега е помоќен, побрз и со поголема автономија

Направеното освежување на Tycan доаѓа во вистинскиот момент. Неговите три изведби добија поостар дизајн што и не е толку многу важно, бидејќи вистинските подобрувања се однесуваат на возните својства.

Моделите Turbo благо се разликуваат во поглед на дизајнот од претходно. Натписот на Porsche во светлосната лента одзади е тродимензионален и има стаклен изглед. За прв пат е достапен на барање во осветлена верзија со анимации за поздравување и збогување.

Таблата со инструменти, централниот дисплеј и опционалниот патнички екран имаат оптимизиран кориснички интерфејс со дополнителни функции. Со новата контролна рачка лево зад воланот, системите за помош на возачот може да се контролираат уште поинтуитивно. Apple Carplay сега ќе биде подлабоко интегриран во дисплеите и функциите на возилото.

Новата функција „Видео во автомобил“ овозможува видео стриминг на централниот и на патничкиот екран. Најважно за корисниците на ЕВ е податокот за зголемувањето на автономијата за 175 километри или за цели 35 отсто.  Во зависност од варијантата на каросеријата и моторот, опсегот според WLTP се зголемува до 678 километри.

Performance Battery Plus сега има бруто енергетски капацитет од 105 наместо 93 kWh. Воедно зголемувањето на батеријата овозможува полнење со моќност до 320 kW што е за 50 kW повеќе од претходната генерација. Во исто време, рамката за брзо полнење на новата батерија е значително проширена. Ова значи дека капацитетите за полнење од над 300 kW а потребното време на полнење од десет до 80 проценти се намалува на само 18 минути.

Перформансите на рекуперација се значително зголемени. Со новата функција Push-to-Pass на пакетот Sport Chrono, во зависност од моделот, се добива дополнителна моќност до 70 kW во траење од десет секунди. Поспортските вредности за забрзување се резултат на генерално повисоките перформанси на системот. Основниот Taycan испорачува 60 kW повеќе од претходно.

Кај Taycan Turbo S зголемувањето е дури 140 kW кога се користи контролата за лансирање. Ова ги зголемува системските перформанси на врвната изведба на 700 kW (952 КС). Спортските седани, Taycan и Taycan Turbo S, достигнуваат 100 км/ч од место за 4,8 односно 2,4 секунди, вредности кои ги прават побрзи од нивните претходници. Трите изведби, Taycan, Taycan Cross Turismo и Taycan Sport Turismo се стандардно опремени со адаптивна воздушна суспензија.

Новата шасија Active Ride може да се нарача како опција за верзиите со погон на сите тркала. Иако стандардната опрема е уште пообемна од претходно, моделите тежат и до 15 килограми помалку. Обновената гама Taycan ќе пристигне во Porsche Center Skopje пролетва.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER