Премиера » Се појави BMW серија 4

Top News Новитети

Се појави BMW серија 4

После обновените серии 5 и 6, од BMW ја подготвија и новата серија 4

Објавено на 2 јуни 2020 година

Премиерата на BMW серија 4 е закажана за вечерва во 18 часот, но светот не можеше да чека – се појавија нејзините први фотографии. Како што се гледа на нив, изгледот на овој баварски модел е токму каков што се очекуваше – со голема маска. „Бубрезите“ никогаш не биле толку големи кај некој сериски модел, а забележливо е и драстичното зголемување на нивната висина на предниот дел од возилото. Кај ентериерот пак нема да има изненадувања – ќе биде пресликан од серијата 3. Од таму ќе биде земена и палетата мотори, од која ќе бидат исфрлени најслабите. Така, до појавувањето на М4 се очекува најсилен да биде шестцилиндричниот бензинец со 374 KS. Повеќе за BMW 4 после премиерата.

клучни зборови: ,