Први фотографии на освежениот Kia Sorento

Похрабри линии и нов ентериер

Водени со својата чудна логика околу пласирањето на информациите, Корејците го претставија обновениот Sorento само во Кореја

И тоа со само три фотографии и, се разбира, само на корејски јазик. Оттаму е и воздржаноста околу пренесувањето на новините кај Sorento, од кој во оваа генерација на домашниот пазар се продаваат по околу 60.000 примероци годишно. За американскиот модел се знае дека ќе биде претставен во месеците што следат, а за европскиот сé уште не е познато.

Така, од ова што го гледаме може да заклучиме дека Kia дефинитивно го напушта конзервативниот дизајн и се определува за провокативен настап кој сигурно нема да им се допадне на сите. Но оние на кои ќе им се допадне, останувајќи без зборови ќе бидат воодушевени. Сличностите со Sportage се повеќе случајни отколку намерни, така што Sorento сега има посилен персоналитет отколку порано. Назад корекциите се далеку поблаги, а силуетата колку што може да се види, не е менувана.

Еволуцијата на ентериерот на Sorento не ја следи истата траекторија како и другите. Во внатрешноста гледаме еден закривен панел кој ги интегрира дигиталната инструмент табла и инфо-забавниот систем. Под него на средината се исто така дигиталните контроли за климатизацијата засилени со едно ротационо копче, а централната конзола е само благо изменета. Но затоа Sorento сега ќе го препознава сопственикот по отисок од прст. Голема веројатност е дека гамата и понатаму ќе вклучува бензинци, дизели, хибриди и плаг-ин хибриди, со различен микс за секој пазар.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER