Поскапеа горивата

Top News Македонија

Поскапеа горивата

Објавено на 31 декември 2019 година

Предновогодишно, регулаторната комисија за енергетика ни ги покачи цените на горивата – за малку, за да не ни се поретеми празничното расположение. Причината е добро позната – движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на доларот кои директно влијаат на брзината со која ќе ни се празнат резервоарите на возилата. А тие овојпат пораснаа за 1,68% на бензинот, за 1,01% на дизелот и за 0,44% на доларот. Така, математиката наречена методологија на површина исфрли дека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар за литар во однос на цената утврдена со претходната одлука на регулаторната комисија и ќе изнесува 68,50 денари, а на бензинот еуросупер БС-98 и на еуродизелот Д-Е V за 0,50 денари, односно на 70,50 и 63 денари за литар.