Пикапот Cybertruck ги падна акциите на Tesla за 7 отсто
Објавено на 23 ноември 2019 година
Елон Маск го претстави пикапот Cybertruck на Tesla и го шокираше светот – како оној „нормалниот”, така и оној прогресивниот склон на алтернативи. Но остана шокирана и берзата, затоа што со појавувањето на Cybertruck акциите на Tesla паднаа за дури 7 отсто. Во прашање можеби е контроверзноста на неговиот изглед, но како Вол Стрит не (треба да) паѓа на провокации поверојатно е дека инвеститорите не ја препознаа формулата применета за загарантирање на неговиот успех. А тоа освен футуристичкиот дизајн се и ултимативните перформанси, сосема солидните влечни способности и одличната цена. Тоа дека е електричен не треба да го споменуваме, се подразбира. Злобните јазици велат дека ова наликува на приказната за криптовалутите и нивниот третман од страна на (наивните) инвеститори, но вистината во овој случај сепак оди во друга насока.