Одбројувањето започна

Годинешниот салон на автомобилите во Париз се покажа како идеален момент за почеток на одбројувањето до пристигнувањето на новата серија електрични возила на BMW со заеднички назив Neue Klasse. Тука за прв пат на едно место заедно можеа да се видат концептите на двата досега познати модела – лимузината и кросоверот. Со ова германската марка ја покажа својата решеност да продолжи со зацртаната развојна стратегија чии следни чекори ќе ги видиме наредната 2025-та кога ќе стартува производството на сериските  модели.

Погледот на поширокото планирано портфолиото на идните модели на BMW покажува премиум електрични возила со нов корпоративен дизајн но познати аспекти кои ќе ја одразуваат самата суштина на брендот. Изгледот им е јасен, чист и минималистички, без непотребни декоративни елементи. Во внатрешноста фокусот е на интуитивната интеракција меѓу возачот и возилото со комбинација на бројни иновативни технологии и решенија.

На штандот на BMW групата на Mondial de l’Automobile Paris 2024 кој зафаќа површина од 1.300 квадратни метри се најде место и за електричните мотоцикли наменети за урбаните средини, а  настапот беше искористена и за најавување на првиот сериски модел со погон на водород планиран за 2028 година.

 

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER