Папата во Скопје :: Затворени улици, бесплатен јавен превоз

Top News Македонија

Затворени улици, бесплатен јавен превоз

Доаѓањето на папата Франциск во Скопје ќе биде проследено со големи ограничувања во сообраќајот

објавено на 29 април 2019 година

Според соопштението од владата, за време на посетата на папата Франциск на Скопје ќе важат посебни правила за движење на возилата и пешаците во центарот на градот. Така во вторник 7 мај кој е работен ден, од 6 до 19 часот целосна забрана на сообраќајот ќе има скоро на сите улици внатре во големиот ринг од Мавровка преку Црвен крст и Нова Македонија до соборниот храм. Сообраќајот на улиците на овој потег ќе биде дозволен. Во одредени периоди на денот ограничувања во сообраќајот ќе има и на улиците и автопатот од аеродромот до центарот на градот.

Рестрикции ќе има и во движењето на пешаците, кои во обезбедената зона што се протега од плоштадот до старата железничка станица ќе можат да влегуваат само низ определени места. Притоа со себе мора задолжително да носат документ за идентификација и да поминат низ безбедносни проверки. Пристапот до плоштадот е строго ограничен, а зоната од мостот Гоце Делчев до хотелот Холидеј ин од двете страни на Вардар е забранета за движење. За полесна комуникација на граѓаните кои ќе ги обавуваат своите обврски тој ден сите паркинзи на општина Центар, Градски паркинг и претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор ќе бидат бесплатни од понеделник 6 мај после 17 часот, а бесплатен ќе биде и јавниот автобуски превоз во вторник 7 мај во текот на целиот ден.