Откажан салонот на автомобилите во Женева!

Top News Занимливости Салони

Откажан салонот на автомобилите во Женева!

По одлуката на швајцарските власти до 15 март да не се одржуваат настани со повеќе од 1.000 луѓе, салонот на автомобилите во Женева се откажа

Објавено на 28 февруари 2020 година

Јубилејното  90-то издание на салонот на автомобилите во Женева нема да се одржи. Непопуларната одлука три дена пред неговото отворање организаторите ја донесоа откако швајцарскиот федерален совет наложи дека до 15 март 2020 година не смеат да се одржуваат настани со повеќе од 1.000 лица. Во своето соопштение до јавноста организаторите наведоа дека здравјето на сите учесници е врвен приоритет. Ова е огромна загуба за производителите кои инвестираа многу труд, време и пари за да се претстават во најдобро светло под саемските рефлектори, кои ќе останат изгасени. На посетителите кои купиле влезници парите ќе им бидат вратени.

 

клучни зборови: