Опрема во автомобилот за време на зима

Опрема во автомобилот за време на зима

Објавено на 9 јануари 2019 година
автор: Крумислав Барзов

Во поголемиот дел на нашата држава врне снег. Затоа ви даваме практични совети за опремување на возилото во зимски отежнати метеролошки услови.

  1. Доколку немате голема причина не тргајте на пат;
  2. Проверете го притисокот во пневматиците и пропишаната зимска опрема;
  3. Проверети ги сите течности во автомобилот (антифриз, течност за бришачи, ниво на масло) и потрудете се тие да бидат на оптимално ниво;
  4. Резервоарот за гориво наполнете го до максимум;
  5. Во багажникот секогаш имајте торба во која ставете еден пар зимски чорапи, ракавици, ќебе, батериска ламба, шише со вода, пакетче со суво овошје, чоколада или друга високо енергетска храна и дополнително шише течност за чистење на ветробранското стакло;
  6. Гребач на мраз и четка за чистење на снег;
  7. Кабли за акумулатор;
  8. Сајла за влечење;
  9. Практичен многунаменски алат и расклоплива лопата;
  10. Полнач за мобилен телефон.

Колку да ви изгледа чудно споменатата опрема може многу да ви олесни при евентуални подолги застои на патот или заглавувања преку ноќ. Некои сообраќајни делници се од периферно значење на екипите за чистење на патиштата, па може да биде отежнато доаѓањето на спасувачките служби. Горенаведената опрема може да ви го сочува здравјето и животот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER