Од долината на дворците до Франкфурт
Објавено на 1 септември 2019 година
Долго очекуваниот новитет тргна на патот кон својата премиера – Land Rover Defender ќе допатува во Франкфурт од Казахстан, поточно од Долината на дворците која сместена меѓу карпи високи 300 метри во зафрлен кањон на планината Шарин блиску до кинеската граница, важи за една од најнедостапните локации на планетата. Финалето на оваа прва експедиција на Defender ќе биде на 10 септември, кога ќе започнат да се примаат нарачки и кога јавноста конечно ќе може да фрли официјален поглед на новата теренска легенда. Дотогаш ни остануваат само скришно снимените фотографии од снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд.
Видео