Од денеска дизелот поскап

Top News Македонија

Од денеска дизелот поскап

Објавено на 3 декември 2019 година

Неделава што помина беше мирно на берзите, но регулаторната комисија за енергетика темелно си ја заврши својата обврска и според нејзината анализа се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5%, што всушност значи дека поскапува само дизелот за половина денар, додека цените на бензините остануваат исти. Според образложението на одлуката на регулаторната комисија, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период забележија намалување кај бензинот за 0,70% и зголемување кај дизелот за 1,23%, додека доларот поскапе за 0,45%. Сето тоа резултираше со задржување на цените на бензините на сегашното ниво – на еуросупер БС-95 на 68,50 денари за литар и на еуросупер БС-98 на 70,50 денари, како и поскапување на Д-Е V еуродизелот на 61,50 денари за литар.