Одат ли Audi TT и R8 во историјата?

Одат ли Audi TT и R8 во историјата?

Ќе се збогува ли светот со спортските легенди на Audi?

Објавено на 26 март 2019 година

Патот кон иднината е поплочен со успесите од минатото, но не секогаш води во иста насока. Тоа го сфатија во Audi и соочени со предизвиците на претстојната електрификација сé уште ја немаат одредено судбината на двата свои култни спортски модели. Таа директно не е поврзана со моментот на испораката на првиот e-Tron но високите трошоци и што е поважно големиот ангажман околу развојот на електричните возила, не дозволуваат предвремени компромиси. Плус на тоа, проблеми создаваат и новите норми за тестирање со чие исполнување Audi TT и R8 имаат потешкотии. Тие влегуваат во втората половина од својот животен циклус кога вообичаено треба да носат профит. Но тоа никогаш не ни била нивната улога, туку зацврстување на имиџот на марката. А со оглед на новата електрична стратегија, сега се чинат излишни. Ако се додаде сето набројано, ситуацијата во која раководството на Audi не сака да даде зелено светло за развој на нивни наследници е сосема логичен бизнис потег.

Извесна надеж сепак постои токму во електрификацијата. Интерни извори известуваат дека во Audi во моментов се води битка за превласт на две струи – инженерската и маркетиншката. Доколку најдат заеднички јазик, наведените два модела би можеле да бидат електрифицирани. Ова посебно се однесува за ТТ, чиј концепт како купе лимузина со четири врати веќе беше преставен во 2014 година на салонот на автомобилите во Париз. Тогаш тој падна како жртва на дизелгејт аферата, но сега би можел да заживее со електрифициран погон. Иднината на R8 пак зависи од Lamborghini, бидејќи тој всушност е верзија на Huracan со четири прстени во амблемот. Сепак во решавањето на судбината на овие два модела најголемо влијание ќе имаат бројките за продажбата, кои се катастрофални – лани глобално од ТТ се продадени помалку од 15 илјади, а од R8 само 2.760 примероци. Моментално цената на нивните основни верзии во Германија изнесува 36, односно 166 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER