Обновување за Audi Q5

Top News Новитети

Обновување за Audi Q5

Пред летното затишје, Audi го обнови Q5

Објавено на 29 јуни 2020 година

Audi Q5 не треба посебно да се претставува – доволно е етаблиран на пазарот и популарен меѓу купувачите како во својата прва, така и во оваа втора генерација претставена пред три ипол години. Сепак дојде време за обновување кое ќе му додаде малку пазарна свежина. Редизајнот му донесе нови ЛЕД светла кои се стандардни, а за прв пат може да се добие и со ОЛЕД технологија. Изменета е и предната маска, заедно со големината на отворите за воздух. Новите браници му ја зголемија должината за 19 милиметри, додека ширината и висината останаа непроменети. Внатре доминира дигиталниот кокпит придружен со MMI екран од 10,1 инчни и нова MIB 3 мултимедија. Можностите за вмрежување со мобилни телефони се подобрени, а целокупниот амбиент зависи од изведбата на внатрешноста која може да биде во три нивоа.

Моторизацијата е различна во зависност од регионот и стартува со дволитарски дизел од 204 KS, комбиниран со блага хибридна технологија. Истото го има и дволитарскиот TFSi со 265 коњи, а на врвот е SQ5 со трилитарски V6 со 354 KS. Сепак малку посилен од него е плаг-ин хибридниот модел кој има 367 коњски сили. Овој еден од најпопуларните SUV модели на Audi се произведува во Мексико. Продажбата му е предвидена да започне пред крајот на годината, по цена од 48.700 евра.

клучни зборови: ,