Нови цени на горивата » Скапо, поскапо…

Скапо, поскапо…

Објавено на 23 септември 2019 година

Едно за два, друго за два ипол, а трето за денар и половина – за толку според најновата одлука на регулаторната комисија поскапуваат горивата во Македонија. Така, од ноќеска на полноќ за литар моторен бензин еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 69,50 денари, за литар од еуросупер БС-98 по 72, а за литар еуродизел БС Д-Е V по 64 денари. Како причина за ваквото скалесто поскапување нашите регулатори на пазарот со деривати ги наведуваат зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои кај бензинот се поголеми за 8,97%, а кај дизелот за 5,35%, како и промената на курсот на доларот кој е за безначајни 0,39% понизок. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати, нивните малопродажни цени согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 3,69%.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER