Нови, се разбира повисоки цени на горивата

Top News Македонија

Нови, се разбира повисоки цени на горивата

Објавено на 18 мај 2020 година

Нашите енергетски регулатори одлучија – од полноќ ќе плаќаме за 3,56 отсто повеќе за горивата – според нивната одлуката бензините поскапуваат за половина односно еден, а дизелот за еден ипол денар, така што цената на литар еуросупер БС-95 се зголемува на 54,50, на литар еуросупер БС-98 на 57,00 а на литар еуродизел Д-Е V на 47,00 денари. До ова е дојдено заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 5,64% и кај дизелот за 10,84%, како и заради поскапувањето на доларот за 0,099%.