Новиот Kia Ceed достапен и со 1.0 T-GDi мотор
Kia ја збогати понудата на новиот Ceed со уште една атрактивна верзија
објавено на 18 април 2019 година
Во салоните на Киа Моторс низ Македонија купувачите веќе можат да го побараат новиот Ceed со еднолитарски T-GDi мотор, и тоа во атрактивната Black Pack едиција. За оние што се интересираат за механиката ќе кажеме дека овој мал но современ турбо мотор располага со 120 коњски сили, а за другите дека изведбата е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед. Надополнувањата се однесуваат на куќиштата на ретровизорите во црна мат боја, 16-инчните тркала од лесна легура Anyang со црна завршница со 205/55 пневматици и други стилски детали. Со сето ова, Ceed отсега станува и забавен автомобил посакуван од широк круг купувачи.
Моделот чија промотивна цена изнесува 15.990 евра е достапен по во продажните салони на Киа Моторс Македонија, каде може да се закаже тест возење во секое време.