Новиот С4 » Три изведби на моќниот експлозив (со видео)

Top News Новитети

Три изведби на моќниот експлозив

Неполн век двојниот шеврон има свои претставници во средната класа. Без оглед дали производите се однесувале за припадниците, по куповна моќ, на економската класа, таа секогаш била замислена и реализирана со идеја да понуди повеќе. Денеска присуствувавме на продолжување на таа традиција.

Објавено на 30 јуни 2020 година

Ниту најголемите футуролози не беа во состојба да предвидат дека светот ќе се смени толку брзо. Беа доволни само шест месеци за да се редефинираат правилата на многу игри. Законот на еволуцијата вели дека опстануваат оние кои најбзо се адаптираат на ново настанатите услови, а еден од нив, е Citroen. Со својот модел С4 одлично се снаоѓа на пазарот па затоа овој модел е спореден со својот воен именик, моќниот експлозив С4. Уште од почетокот на дваесеттите години на минатиот век Citroen има изведби во сегментот Ц а повеќето се сеќаваат на Ami8, BX, ZX…

Сега дојде време на новата генерација на С4 која носи неколку остварувања типични за марката. Прво тоа е маркатниот дизајн чии контури ја прават надворешноста мускулеста и атрактивна, нагласената просторност и ергономија во внатрешноста и секако моторизацијата сочинета од погон на бензин, дизел и струја. За изгледот нема многу да говориме, за тоа ќе ги задолжиме фотографиите во нашата галерија а за интериерот само ќе кажеме дека прилега, според виденото, на главната одредба на Citroen која е сконцентрирана на амбиентот, просторноста и функционалноста. Се издвојува просторот пред совозачот каде на централната конзола има фиока која е проектирана да биде место за таблет каде ќе се полни но, и со нејзиното отворање, станува стабилен држач за таблетот кој може да биде употребен како дополнителен монитор во функција на возењето.

Новата генерација на Citroen С4 ќе биде вистински глобален производ наменет за 68 пазари на сите континенти. Нарачките ќе може да се вршат од есен а испораката, во зависност на пазарите, ќе започне од крајот на ноември. Во Франција во вкупниот пазар на возила електричните заземаат 10 отсто. Затоа големи надежи се полагаат на електричната верзија која ги носи гените на веќе познатите модели на групацијата РЅА. Таа ќе има електро мотор со сила од 100kW додека струјата ќе се складишти во литиум-јонски батерии со капацитет од kWh или како љубат да кажат продукт специјалистите, ќе ги задоволи седмичните потреби на возачите кои дневно поминуваат 50 километри. Електричната верзија на С4 се придружува на веќе активните пет електрични модели на Citroen а ја најавува и адекватната изведба на Berlingo.

За цените уште е рано да се зборува и таа тема вешто се одбегнува.

Видео

клучни зборови: ,