Нова недела, нови цени на горивата

Top News Македонија

Нова недела, нови цени на горивата

Објавено на 16 јуни 2020 година

И овој пат повисоки – според регулаторната комисија за енергетика во просек за 1,98%, односно на бензинот еуросупер БС-95 за 1,50 денар, а на еуросупер БС-98 и на еуродизел Д-Е V за 1 денар. Со тоа, нивната цена изнесува:

  • Еуросупер БС -95 59,50 денари за литар
  • Еуросупер БС-98 61,50 денари за литар
  • Еуродизел БС Д-Е V 51,00 денари за литар

Како причина за ова поскапување се наведува зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 8,254%, а кај дизелот за 6,666%. Истовремено, курсот на доларот се намали за 1,206%, заради што имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати  според  утврдената методологија е извршено соодветно прилагодување на структурата на цените на нафтените деривати.