Нова недела, нови цени на горивата

Нова недела, нови цени на горивата

Објавено на 24 декември 2019 година

Повисоки, се разбира – така одлучи нашата регулаторна комисија за енергетика и водни услуги која врз основа на движењето на берзанските цени на дериватите реши тие да поскапат во просек за 2,25%. Во пари изразено тоа значи дека за литар еуросупер БС-95 од рано утрово ќе плаќаме по 67,50 денари, за литар еуросупер БС-98 по 70, а за еуродизел Д-Е V по 62,50 денари. До ова е дојдено како резултат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот за 2,60% а кај дизелот за 3,49%. Истовремено доларот поевтини за 0,44%, што иако минимално сепак имаше влијание врз зголемувањето на цените по кои ги плаќавме горивата досега.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER