Бензините драстично поскапуваат
Бил 1 април или не, во одлуките на регулаторната комисија за енергетика нема ништо што ќе нé насмее
Објавено на 1 април 2019 година
Нашата регулаторната комисија за енергетика и водни услуги како што и е новиот назив излезе со својата пресметка за цените на горивата која звучи како првоаприлска шега, но за жал не е – бензините поскапуваат, и тоа доста. Според неа, од утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 2,50 денари, а за еуросупер БС-98 по 3 денари повеќе во однос на досегашните цени. Со оглед на претходните стресови што ги имаа, сопствениците на дизел возилата сега можат колку-толку релаксирано да живеат наредните две недели бидејќи ќе се извлечат со половина денар поскапување. Така пост-првоаприлски, луѓето кои својот леб го вадат точејќи ни гориво, за бензин ќе ни побараат по 68,50 односно 70,50 денари за литар, а за дизел по 61 денар. Секако, нивната плата нема да биде зголемена за просечните 3,39% колку што изнесува поскапувањето, бидејќи причина за него се порастот на цената на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за просечни 3,53% и референтната цена на бензинот за 5,51%. Таа пак кај дизелот забележа намалување за 1,37%, што заедно со поевтинувањето на доларот за 0,03% придонесе тој да поскапи минимално.