Најекстремниот Mustang во историјата (видео)

Смел и напреден

Ford Mustang GTD е ограничена верзија на тркачкиот GT3 за употреба во јавен сообраќај

Да нема забуна – GTD не значи дизел туку е кратенка која потекнува од тркачката IMSA GTD (Grand Touring Daytona) класа во САД каде се натпреварува GT3 верзијата на Mustang. Тоа пак автоматски значи дека овој Mustang е најекстремен во својата историја. Го задвижува компресорски 5,2 литарски V8 мотор со повеќе од 800 коњски сили, во пар со осумстепен менувач со двојна спојка.

За предниот разделник, хаубата, крилата, праговите, покривот, капакот на багажникот и задниот дифузор се употребени карбонски влакна, кои заедно со кожата и Recaro седиштата се среќаваат и во кабина. Задна клупа нема, стандардните тркала од 20 инчи се направени од кован алуминиум, а магнезиумските се опција. Сопирачките се Brembo карбон-керамички, а Track режимот го спушта ослонувањето за 40 милиметри.

Во продажба ќе се најде за година ипол, по цена од око 300.000 долари.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER