Најголемите европски пазари преполовени во мај

Најголемите европски пазари преполовени во мај

Минусот од 56,8 отсто во мај всушност е прв сигнал за опоравување

Објавено на 19 јуни 2020 година

Сите европски пазари што ги следи европската асоцијација на производители на автомобили ACEA забележаа намалување – од 29,4 отсто кај Кипар до 89 отсто во Велика Британија, или во просек 56,8 отсто. Освен британскиот, другите најголеми пазари сепак се подобри од просекот – Германија со -49,5, Италија со -49,6 и Франција со -50,3, додека Шпанија го заврши мај со -72,7%. Овие пет земји учествуваат со повеќе од 70 отсто во европската продажба. Од почетокот на годината бројот на нови патнички автомобили во 30-те земји колку што следи ACEA е намален за 42,8 отсто во однос на истиот период лани. Минусот е најголем е во Хрватска (55,8%), а најмал во Финска (20,9). Во поглед на производителите најмногу настрадаа продажбите на Mazda (54,3) и Honda (53,7), додека најдобро со минус од 31,5 отсто помина Toyota. Најголемиот Volkswagen во првите пет месеци има намалена продажба за 38,4 отсто. Иако е јасно дека и второто тримесечие ќе биде погубно, сепак опоравувањето на пазарот до крајот на годинава треба да го сведе минусот на околу дваесет отсто.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER