Навистина голем празник се ближи…
…или можеби избори?!
Објавено на 10 март 2020 година
Втора недела по ред, регулаторната комисија за енергетика на големо ги поевтинува горивата. Според нивната одлука која се применува од полноќ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,42%. Тоа значи дека за бензините еуросупер БС-95 и БС-98 ќе плаќаме по 2 денари помалку, односно по 62 и 64 денари за литар, а за дизелот по 1,50 денари помалку, односно по 54,50 денари за литар. Со надеж дека и идната недела исто ќе ве известиме за намалување на цените на горивата, овојпат ќе ве поштедиме од образложението заради што нашите антимонополски енергетски регулатори имаат донесено токму ваква одлука за највисоките цени на нафтените деривати во Македонија.


