Мотоцентар – Современ логистички центар

Мотоцентар гордо го претстави на јавноста својот најсовремен логистички центар лоциран во Илинден-Скопје

Посветеноста кон иновациите и супериорната услуга за клиентите Мотоцентар ја демонстрира на најдобар начин. Новиот логистички центар се простира на 4.900 m² и припаѓа во редот на најсовремените на БалканотВо рамките на објектот е магацинот за гуми од 2.700 m², опремен со најновата технологија за следење и логистика.

Во него има место за 60.000 нови пневматици за патнички возила и комбиња, потоа 5.000 пневматици за камиони и хотел за пневматици со капацитет од 20.000 единици за клиентите. Во своите воведни зборови, Горан Гроздоски – генерален директор на Мотоцентар, ја истакна улогата на центарот во стратегијата за раст на компанијата. „Овој логистички центар е повеќе од зграда, тој ја претставува нашата издржливост и предвидливост, особено за време на предизвикувачкиот период на КОВИД кога влеговме во оваа инвестиција, кога ретко кој имаше храброст тоа да го прави“.

Мотоцентар долги години ја надминува рамката на трговија и услуги со пневматици. Во своето портфолио има запишано подршка на мотоспортот. Амбасадорот на компанијата, Игор Стефановски Иџе, трикратниот европски Шампион на ридско-брзински натпревари ја истакна поддршката која ја добива од Мотоцентар две децении.

„Гледањето на оваа комапнија како расте и иновира низ годините, за мене е извонредно патување. Овој нов објект е скок во иднината на логистиката и услугите на клиентите. Среќен сум што сум и денес тука и што сум амбасадор на овој компанија“. Своето задоволство со соработката го истакнаа и принципалите на Мотоцентар, регионалните претставници на CONTINENTAL и Michelin.  Отворањето на логистичкиот центар ја истакна и социјалната одговорност на Мотоцентар.

Моника Бошкоска – маркетинг директор на компанијата и новоизбрана Претседателка на Специјалната Олимпијада на Македонија, ја предаде донацијата на младите атлети кои собираат медали на големите светски натпревари. „Поддршката на МОТОЦЕНТАР се протега надвор од бизнисот, правејќи значителна разлика во животите на многумина. Чест ми е што сум избрана за прв човек на оваа организација, а нашата поддршка како компанија за нив е долгорочна и зборува многу за нашата посветеност кон нивната мисија, да прават резултати во спортот и да докажат дека не постојат пречки за успех“.

Свеченото отворање означува ново поглавје за Мотоцентар во кое иновациите, задоволството на клиентите и вклученоста на заедницата одат рака под рака.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER