Мостот Гоце Делчев може да падне!
Ваква изјава даде градоначалникот на Скопје по повод започнувањето на санацијата на дилатациите на мостот Гоце Делчев
Објавено на 10 јули 2019 година
Според изјавата, мостот не е саниран 13 години и започнатите градежни работи кои ќе траат 40 дена се неопходни бидејќи ако оваа интервенција не се направи, мостот Гоце Делчев може да падне. Се работи за реконструкција на дилатациите на мостот во двете насоки, заради што ќе биде воведен привремен сообраќаен режим што фазно ќе го опфати потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со улицата Филип Втори Македонски, како и булеварот ВМРО од булеварот Партизански одреди до самиот мост. Градежните работи ќе се изведуваат во две фази, истовремено во двете насоки на движење на мостот. Во првата фаза при изведба на градежните работи, сообраќајот на потегот од Мавровка кон владата ќе се одвива во две сообраќајни ленти, а сообраќајот на потегот од стара пошта кон судската палата ќе се одвива само по една сообраќајна лента. Во втората фаза при изведба на градежните работи сообраќајот на потегот од улица Филип Втори Македонски кон бул. Илинден ќе се одвива во само една сообраќајна лента, додека сообраќајот во спротивната насока ќе се одвива во преостанатите две сообраќајни ленти. Предвидено е и двете фази да траат по 20 дена.