МИ-ДА Гранд Моторс го шири асортиманот

Од септември MG кај нас

Гранд Аутомотив Адриатик, компанија ќерка на Гранд Моторс, е задолжена за дистрибуција на познатиот британски бренд MG.

Кај нас ова големо име ќе биде вдомено во МИ-ДА Гранд Моторс каде, покрај Ford и Hyundai, ќе биде дел од редовната понуда од септември. Morris Garages (MG) е добро познато име кое влезе во светот на големите серии кога го превзема SAIC Motor (Shanghai Automobile Industry Corporation), седмиот по големина светски производител со годишна продажба од седум милиони возила. Влегувањето на „Јадранските пазари“ ќе се одвива во две фази. Двете ќе завршат до крајот на тековната година и опфаќаат отворање на 20 продажни места.

MG5 Electric 2022

Почетокот на продажбата започнува од први јули во Хрватска и Србија додека во Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија со почетокот на школската година. Палетата модели и моторизации на MG ќе ја збогати понудата на нашиот пазар. Атрактивниот дизајн е поткрепен со модерна и компететивна технологија, а во понудата ќе бидат застапени, покрај оние со мотори со внатрешно согорување и приклучен хибрид. Во портфолиото на марката се електрични возила кои може да ги очекуваме од следната година. Сочинета од различни каросериски изведби возилата на MG имаат конкурентна цена, седум годишна гаранција или 150.000 километри па ги прави погодни за приватни и флотни купувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER