Македонска премиера – Škoda Enyaq

Enyaq е првото ЕВ на чешката марка базиран на МЕВ платформата на групацијата Volkswagen

Претставувањето на Enyaq отвора ново поглавие во делувањето на Škoda  на нашиот пазар и е следниот чекор во имплементацијата на својата стратегија за е-мобилност. Електричните возила не се никаква новост под покривот на Порше Македонија. Оваа компанија неколку години вложува во мрежата на полначи и од вкупно трите брзи полначи во нашата држава, два се лоцирани во импортерскиот центар. Првиот човек на компанијата, д-р Златко Муцунски, истакна дека ориентацијата е кон потполна електрификација.

Нагласи дека Порше Македонија ги следи европските трендови и не е само трговски ориентирана туку е активен промотор на електричните возила. Досега инсталирани се 20 полначи со моќност од 22 kW на 10 локации низ државата кои служат како добра поддршка на ентузијастите за електрификацијата. Škoda Enyaq доаѓа со погон на задните или на сите тркала, има опсег што е совршено погоден за секојдневна употреба, покривајќи од 510 км – 560 км според циклусот WLTP.

Покрај тоа, во Enyaq го развива емотивениот дизајнерски јазик на Škoda истакнувајќи новиот внатрешен концепт кој нуди избор на пет дизајн селекции наместо класични нивоа на опременост и сосема нова структура на достапните опции. Миле Станчев, Бренд Менаџер за Škoda изјави: „Со лансирањето на Enyaq отпочнува нова ера за Škoda. Ова е нашиот прв целосно електричен и еколошки автомобил. Со лансирањето на овој модел, електричната мобилност ја правиме Simply Clever – со голем досег, брзо полнење и лесно ракување.

Освен што е еколошки Enyaq е и исклучително забавен и возбудлив за возење, што се отсликува преку техничките податоци за забрзување од  0 до 100 км/ч за само 6,7 с и максимална брзина од 180 км/ч.“. Модуларната платформа за електрични автомобили MEB на групацијата Volkswagen батеријата е вградена во подот на возилото со цел да се добие добра распределба на тежината.

Со капацитет од 82 kWh (бруто) или 77 kWh (нето) со максимална излезна моќност од 210 kW или 285 КС, вртежен момент од 545 Nm и погон на задните или на сите тркала. Škoda во своето електрично првенче вгради респектабилно ниво на опременост, современ и практичен дизајн, технологија и Simply Clever решенија. Škoda Enyaq се произведува во две каросериски форми. кросовер и кросовер купе.

Влезниот модел на кросоверот чини 53.490 евра додека за погон на сите тркала треба да се издвојат уште 2.200 евра. Стилски поатрактивната купе каросерија е поскапа за 1.500 евра. За сите верзии предвидени се по четири пакети на опременост и исто толку стилски пакети. Подетални информации можете да добиете во салонот на Škoda и на сајтот www.skoda.com.mk

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER