Кој ќе биде најдобар » Објавен списокот финалисти за автомобил на годината 2020 во Европа

Објавен списокот финалисти за автомобил на годината 2020 во Европа

Како и порано, седум автомобили влегоа во најтесниот избор за титулата Автомобил на годината 2020-та во Европа

Објавено на 26 ноември 2019 година

Жирито составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји се изјасни – ова е нивниот потесен избор од седум номинирани автомобили, изведен од проширената листа од 30 модели кои ги исполнуваат сите услови за да поминат понатаму. А тие пред сé се во основа да биде нов модел, достапен во најмалку пет европски земји во моментот на гласање. Тоа се:

  • BMW серија 1
  • Ford Puma
  • Peugeot 208
  • Porsche Taycan
  • Renault Clio
  • Tesla Model 3
  • Toyota Corolla

Гласањето во вториот круг после темелните тестирања ќе се одвива во новата година, а победникот ќе биде прогласен на салонот на автомобилите во Женева во март. Според претседателот на жирито Франк Јансен, овој потесен избор ги претставуваа моменталните развојни правци во автомобилскиот бизнис. Според него, се гледа дека е во тек електрификацијата, како и највисоките стандарди во моторите со внатрешно согорување. Така, електричните возила ги претставуваат Porsche Taycan и Tesla Model 3, но и Peugeot 208 кој ќе има своја електрична верзија.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER