Кинески батерии за два милиони километри
Завршуваат ли ноќните мори за производителите на електрични возила?
Објавено на 16 јуни 2020 година
Кинеската компанија Contemporary Amperex Technology Ltd. или на скратено CATL, е подготвена да започне со производство на батерии кои ќе траат 16 години и со кои ќе можат да се поминат два милиона километри. Тие велат дека наскоро ќе започнат да примаат нарачки за нив, по цени кои се за само 10 отсто повисоки од досегашните. Иако во индустријата постои резервираност во однос на тврдењата на Кинезите, овие батерии би значеле сериозна пресвртница за електричните возила. CATL е најголем светски производител на батерии за електричните возила и ги снабдува Tesla, Volkswagen, BMW, Toyota, General Motors и други. Кинезите во моментот градат фабрика за батерии за електрични возила во Германија.
Видео


