Каква утка » Саудијците предвреме ги продадоа своите акции во Tesla!

Top News Занимливости

Саудијците предвреме ги продадоа своите акции во Tesla!

Со еден потег, државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија загуби преку 7 милијарди долари

Објавено на 6 февруари 2020 година

Акциите на Tesla незапирливо растат – ако пред еден месец беа околу 500 долари, сека целат кон 1.000. Бројката е реално достижна бидејќи тие во еден момент завчера стигнаа до 969 долари, за потоа да паднат и на затворањето на берзата вчера да чинат 727,40 долари. Огромните флуктации не можат да се објаснат со ништо друго освен со еуфоријата предизвикана токму од ваквите вести – дека акциите на Tesla незапирливо растат. Но ниту еден сериозен брокер тоа нема да го земе како валиден параметар при донесувањето проценка дали да се купат акции од оваа компанија. Можеби и затоа државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија предвреме ги продаде своите 8,2 милиони акции кои им носеа 4,9 отсто учество во калифорнискиот производител на електрични возила, и тоа токму во моментот пред тие да почнат да растат. Со оваа зделка, според информациите, Саудијците загубиле преку 7 милијарди долари. Но од друга страна, пак, тоа значи дека оние што ги купиле денеска се побогати токму за толку. Па, нека им е со среќа и на едните и на другите!

 

клучни зборови: