И Škoda се електрифицира

И Škoda се електрифицира

Чешкиот бренд го најави електричниот Citigo

објавено на 20 мај 2019 година

Покрај Superb, Škoda подготви уште еден свеж новитет – електричниот Citigo. Премиерата ќе се одржи во четврток во Братислава, кога ќе се дознаат деталите за него – за малиот градски електричен модел официјално засега е објавена само оваа скица. Сепак познато е дека ќе биде ребрендиран VW e-Up! и некакви измени во однос на него не се очекуваат. Тој има батерии со капацитет од 18,7 kWh и електромотор од 82 KS, а според NEDC циклусот автономијата му изнесува 160 km. Од обичниот Citigo ќе се разликува по некои стилски детали кои го навестуваат неговиот електропогон – затворената маска, поинаквиот браник и можеби уште нешто. Не е познато ниту дали ќе го задржи името Citigo или пак ќе добие ново.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER