И Хрватите се полакомија за фабриката на Volkswagen

Top News Занимливости

И Хрватите се полакомија за фабриката на Volkswagen

Објавено на 22 октомври 2019 година

Иако во Volkswagen само ја одложија а не и откажаа одлуката својата нова фабрика да ја градат во Турција, сите заинтересирани балкански држави во тоа ја видоа својата шанса да им ги поматат сметките на Турците и да се обидат да ја лапнат инвестицијата тешка милијарди. Последниот меч во битката го извлекоа Хрватите, кои според наводите на добро упатени извори намеруваат со своја понуда да влезат во евентуалниот нов круг преговори кои Volkswagen би ги водел околу споменатата инвестиција со другите заинтересирани земји – Србија, Бугарија и Романија. Информацијата за ова дојде после состанокот на ресорниот хрватски министер со својот германски колега кој му беше во претходно закажана официјална посета, на која е потсетено дека уште во јуни Хрватите презентирале доста конкретни мерки што би ги презеле за да бидат атрактивни токму за вакви инвестиции. Тука треба да напоменеме дека сојузната германска влада нема никакво влијание на работењето на VW групата, чие управување е доверено на холдингот Porsche (53% од гласовите), владата на сојузната држава Долна Саксонија (20%) и државниот инвестициски фонд на Катар со 17%.

 

клучни зборови: