Интервју – Linda Jackson, CEO Peugeot

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Следат електрични години…

Линда Џексон е искусен и докажан менаџер во автомобилската индустрија. Под нејзино водство Цитроен доживеа препород, а со формирањето на Стелантис и беше доверено раководењето со Пежо, марка со сегашен најголем удел во продажбата на групацијата. Главната тема е електрификацијата , а 2023 година ќе биде “електричната година” за Пежо. Дел од членовите на Аутобест имаа можност на интервју со оваа харизматична дама која ги откри плановите за иднината на францускиот лав…

Прво, само што најавивме дека Пежо ќе биде првата марка која ќе ја воведе новата хибридна технологија за заштеда на гориво од Стелантис, на почеток на идната година, почнувајќи со 308 и 508. Исто така, ќе ја прошириме нашата понуда со приклучен хибрид на новиот модел на 408, со две варијанти од 180 и 225 коњски сили. Моделот 408 е еден целосно нов концепт за нас, а мислам дека и за пазарот. Комбинацијата од лимузина и спортско корисно возило создаде динамична синергија што е секако многу иновативно за нашата линија на возила. Па, да ја продолжам приказната за електирфикацијата… ќе нудиме електична верзија на 308, 308 Station Wagon, која ќе пристигне на пазарот во 2023 година.

А уште поскоро, ќе имаме премиера на посветеното издание E 208GT, кое ќе ја поседува таа технологија, која ќе ја презентираме на Е 308, и која ќе се појави во специјално издание на Е 208GT. Како што знаете, во 2021 година, ние веќе ја зголемивме стапката на ефикасност на 208, што значи дека ова е вториот чекор. И не треба да ве потсетувам дека 208 е најпродаваниот автомобил во Европа, најпродаваното електрично возило од Б сегментот во Европа, и најпродаваното електрично возило воопшто, што значи дека е голем успех за нас. Новата верзија, која ќе достигне опсег од 400км, значи дека ќе има 10,5 проценти зголемен опсег. Со таа технологија ќе бидеме најдобри во класата во делот на енергетската ефикасност, со 12kw/h за 100км. Приказната продолжува, бидејќи секако, ја имаме технологијата на водородни горивни ќелии, која е веќе достапна во нашиот E-Expert Wallet. Ние не го забораваме фактот дека ја имаме можноста да понудиме мобилност на две тркала со нула емисии, секако, со договорите што ги имаме со Peugeot Cycles и Peugeot Motocycles. Ако треба да сумираме, сметаме дека го имаме најголемиот опсег на решенија за електична мобилност во Европа, и тоа електрична мобилност на две и на четири тркала. Мислам дека ова е една уникатна и голема понуда во индустријата. Но, нема да застанеме тука. Ние сакаме да ја забрзаме електрификацијата уште еднаш. Ќе имаме целосен опсег на електрични автомобили во 2023. Значи, во 2023, најмалку еден вид на електрична технологија ќе биде достапна за секој од нашите модели. Но, за во иднина, посебно би сакале да се фокусираме на целосно електричните возила. Во следните 2 години, ќе пуштиме во продажба 5 нови, целосно електични модели. Тоа значи дека до 2025, Пежо ќе има целосна програма на 100 процентни електрични автомобили и електрични комерцијални возила. Знаете, кога зборуваме за Е-Native платформите, има три конкретни области во кои можеме да бидеме креативни и да ја употребиме нашата имагинација: Првата се однесува на просторната организација на ентериерот на возилото. Е-Native може да ви понуди повеќе простор, па замислете си што се’ можеме да замислиме со тоа! Потоа, новите гестови при возењето, што може да ја донесе пилотската кабина неколку чекори понапред, и да ви достави поголемо задоволство. И, конечно, овој концепт не се однесува само на производот, туку и на искуството на потрошувачот. Тоа значи дека ќе има напори за дигитализација, и опсег на нови услуги, тоа е потрошувачкото искуство во врска со производот. Отворена сум за прашања. Па, ве молам, вашите прашања.

AB: Дали може да ги објасниш плановите за вашите средства, и за тоа до каде се стигнати тие планови до денес?

ЛЏ: Ние веруваме дека, и покрај тоа што постојат луѓе што отсекогаш сакале да купуваат онлајн, дека е важно и физичко-дигиталното искуство т.е. да се влезе во продавницата и да се добие дел од искуството на брендот, да може да се допре автомобилот, да се тестира автомобилот. Toa е физичко и дигитално искуство. Во делот на продажбата, јасно е дека се движиме во таа насока, но, очигледно, тоа се’ уште се наоѓа во процес на дискусија.

АБ: Споменавте дека целата понуда на Пежо ќе биде електрична. Дали тоа ќе се однесува само на ЕУ или на Европа како континент? Затоа што постојат многу предизвици за земјите што се надвор од ЕУ…

ЛЏ: Тоа е добро прашање. Зборувам конкретно за ЕУ, затоа што, очигледно, тоа е под влијание на правилата и прописите во врска со исполнување на одредени барања. Но, како што правилно кажавте, тоа не е само во ЕУ, туку и во Бразил, и во други региони, затоа што ние сме глобален бренд. Но, кога зборувам за 100% електрични возила, тоа се однесува конкретно на ЕУ. Секако, ние ќе ги менуваме сите пазари, но со различна брзина. И затоа треба да сме сигурни дека… Искрена сум со вас, затоа што навлеговме во период на транзиција, и треба да се движиме и да ги следиме нашите потрошувачи, и како што вие правилно кажавте, различните пазари се движат со различна брзина.

АБ: Прашање во врска со Стелантис Групацијата. Кој бренд е најпрофитабилен, и каква е позицијата на Пежо во оваа групација?

ЛЏ: Очигледно, никогаш нема да го објавам профитот на Пежо. Не можеме да го објавиме ниту профитот на Стелантис. Можеби, ако сакате, можам да зборувам за количината… 1 од 5, т.е. 20 проценти од светската количина продадени возила од групацијата Стелантис, припаѓа на Пежо. А во Европа, мислам на цела Европа, 1 од 3 т.е. 30%, 33% припаѓаат на Пежо. Па, можете да ја видите важноста на Пежо, но нема да навлегувам во профитот.

АБ: Вие веќе сте биле победници во минатото, така што имате многу искуство на Auto Best. Прашањето е во врска со иднината на погоните. За патничките автомобили… што мислите… очигледно станува збор за батерија. Но дали мислите дека со водородното гориво има и мала шанса да добиете дел од пазарот, и не зборувам за комерцијалните возила затоа што за нив е многу појасно.

ЛЏ: Мислам дека тоа е одлично прашање, и мислам дека се’ уште не знаеме. Искрено, како што знаете, пред се тоа се однесува на големите возила. Ние се уште работиме на тоа, проучуваме што е возможно. Таа технологија е применлива само за многу големи возила, многу големи камиони. Во моментов, се концентрираме на комерцијалните возила. Во врска со патничките автомобили, се фокусираме на транзицискиот период, хибридни и електрични. Но, мислам дека целиот свет се менува толку многу, што многу нешта стануваат возможни, и не знаеме што ќе се случи. Нештата ќе еволуираат многу брзо. Па, јас се уште имам сомнежи, но сега, во врска со стратегијата што ја имаме, таа повеќе се однесува на електричните автомобили. Но, тоа е навистина интересно прашање. Да бидеме сосема искрени, се насочуваме кон електричните автомобили затоа што во ЕУ одлучивме дека ќе ги намалиме емисиите на CO2. Сите производители се насочени кон тоа, кон тие рестрикции. Можеби, ако се сретнеме пак за 10 години, ќе зборуваме за други нешта.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER