Интервју – Christian Meunier, СЕО Јеер

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Јеер е лек за здодевноста!

Кристијан Моние дојде на челната позиција на Јеер со цел да го реформира овој бренд. По повеќе од една година се гледаат првите резултати. Тука е првиот 100% електричен Јеер. Теренската марка ќе остане тоа што е, само новите модели ќе бидат електрични. По вообичаеното експозе, следеа прашањата…

Ако треба да ја сумирам ситуацијата во Европа: имаме голем успех во Италија. Опфаќаме 10% од сегментот на спортско корисни возила во Италија. Одлично ни оди. Работите се одвиваат по нагорна линија на пазарот. Секако фабриката ни е во Италија и се фокусиравме на тоа да го направиме Jeep она што е денес. Во Италија овој бренд е силно признаен, постои развиена мрежа на дилери, многу добар сервис и сето тоа заедно го донесе успехот. Во остатокот од Европа би рекол дека успехот не е толку голем. Постојат многу причини за тоа. Можеби немаме доволно фокус на остатокот од Европа. Во Франција опфаќаме помалку од 1% од сегментот. Тоа е за 10% послабо одошто во Италија. Искрено, за Французин како мене, не ми беше јасно зошто е така.

Но истражував и мислам дека сфатив зошто ситуацијата е таква. Кога го лансиравме Renegade во Европа во 2014 г., добро тргна продажбата низ целиот континент. Еден од проблемите беше погонот бидејќи имавме продукт и мотори што не беа целосно прилагодени на пазарите. Со лансирањето на 4xe пред 2 години со Renegade и Compass. Со исфрлањето на регуларниот бензин и дизел оваа година, одиме 100% на електрика низ цела Европа, со исклучок на Италија. Плус со лансирањето на Avenger мислам дека имаме можност да го поттикнеме Jeep во Европа зашто е многу попогоден за пазарот. Има погоден погон, погодни димензии и функционалност. Ние сме олицетворение на слободата, ние сме лек за здодевноста! Многу луѓе седеа затворени повеќе месеци, или години, а сега Јeep на луѓето им нуди можност да избегаат, да се забавуваат.

Кога ќе го видите Аvanger, кога ќе го видите концептот што ќе го презентираме, ќе разберете дека кога поседувате Јeep не поседувате само превозно средство, поседувате нешто забавно, нешто што ќе ве расположи. Секое утро кога ќе седнам во мојот Wrangler, јас имам насмевка на лицето. Не се шегувам, навистина е така. Многу е уникатен. Jeep е олицетворение на авантура, а луѓето го сакаат тоа. Денес постои тренд луѓето да прават поинакви нешта. Да избегаат за викендите, да тргнат на пат со пријателите и семејството, да отидат на пикник на планина и сл. Мислам дека го погодивме вистинскиот момент со електрификацијата  којашто е и можност, зашто го прави нашиот производ поспособен за возење оф роуд поради влечната сила што ја има со електрификацијата. Не мора да давате премногу гас за искачување, сега оди линеарно. Значи е многу способен за оф роуд возење. Забрзувањето е добро. Возило како Аvenger ќе биде уживање да се вози.

И на крајот, ќе биде тивок во природа. Се наоѓате во природа и имате можност да возите во тишина, да ги слушате птиците. Тоа е навистина посебно. И нема загадување. Го погодивме вистинскиот момент. А зошто во Париз? Зашто сметаме дека надвор од Италија постојат големи можности, и Мотор шоуто во Париз е голема можност да се пренесе таа порака, да покажеме дека Јеep се менува, веќе не се големи теренци со големи мотори, погоден е за Европа и со полна брзина ја спроведуваме електрификацијата. Значи Аvenger, Grand Cherokee 4xe следната година, па следуваат Recon, Wagoneer S, што го презентиравме минатиот месец, со полна брзина ја спроведуваме електрификацијата. Во 2025 г. ќе се лансираат четири БЕВ (battery electric vehicle) во Европа. Значи, тераме со полна брзина. До крајот на деценијата ќе бидеме 100% електрични во Европа. Не работиме половично, одиме до крај.

АБ: Инаку, Американците завидуваат што Аvanger го лансиравте тука, а не во САД.

КМ: Знам.

АБ: Зошто е така?

КМ: Имаше многу коментари, особено од францускиот дел на Канада, поточно Монтреал и Квебек. Имаше и по некој коментар од Европа, од Њујорк, малку од Бостон и Сан Франциско. Пазарите се многу ограничени за мал автомобил како овој во Северна Америка, не беше погодно од деловен аспект. Во Америка имаме друг фокус, со поголеми каросерии. Сметам дека овој продукт е дизајниран за Европа. Компактен е, моќта на Јeep е сместена во мало пакување и веруваме дека ќе постигне голем успех. Сигурни сме во тоа.

АБ: Може да ни кажете повеќе детали за Аvenger, за акумулаторот, погонот, за компонентите?

КМ: Многу е компактен. Ако го погледнете ентериерот, ќе видите дека има огромен простор за складирање, крајно функционален е. Има простор за складирање во предниот дел, голем простор за складирање во багажникот. За возило со мали димензии овие решенија се многу ефикасни. Тоа е возило што е многу способно, дури и предниот погон е многу моќен. Ги има најдобрите агли за искачување и симињање во класата, што е клучно за возење на терен. Сличен е на Renegade 4xe што значи дека имаме нешто многу способно во мало пакување. Исто така имаме Select Terrain што значи дека имаме поинаков систем за контрола на преносот на силата на тркалата за различни поглоги и имаме контрола на спуштањето по удолници (Hill Descent Control) што е уникатно за ваков производ. Значи, многу способен производ со голем досег од 400 км, а за градски циклус изнесува 550 км. И интересно е што со брзо полнење за три минути добивате досег од 30 км. За секојдневно возење ако треба да поминете 30 км а сте заборавиле да го наполните, одите на брзо полнење само 3 минути. Акумулаторот е од 54 киловати. Една друга интересна работа… Погледнете го дизајнот на автомобилот и ќе видите дека е целосно заштитен, како да има штит околу возилото. Има пластичен панел на долниот дел од вратата што ја штити вратата. Не постои опасност да се изгребе ако удрите во столпче или камен. Тоа важи за целиот автомобил. Целосно е заштитен. Бојата е матирана така што ако случајно се изгребе нема да се познава гребнатинка. Ама на теренец е добро да има по некоја гребнатинка, ништо страшно, битно да не се изгребе бојата на каросеријата. Така се создаваат спомени. Сите гребнатинки ќе бидат на долниот дел, а не на каросеријата. Каросеријата нема да биде изгребана, но ќе имате спомени од гребнатините, тоа е суштината на вистински теренец.

АБ: Може да ја дефинирате новата ДНК на Jeep зашто очигледно не е она што беше пред 10 г. Се движите во насока на електрификација, дали струјата ќе направи некоја генетска „мутација“ за движење во природата? Кажете ни малку за таа револуција.

КМ: ДНК-то не се менува, брендот е ист каков што беше пред 81 г! Ние држиме до четирите вредности: слобода, автентичност, страст и авантура. Тие нешта го дефинираат нашиот производ. Ќе ви дадам пример за автентичност. Немаме раткапни, не ставaме пластика за да покриеме нешто, ништо не криеме. Тркалото е или челично или легура, тоа е автентичен, робустен материјал. Слободата е чувството на бегството. Мора да имате способност за тоа, тоа не е променето. Авантурата е очигледна. Вредностите не се променети. Променето е тоа што со електрификацијата ја поместуваме способноста за едно ниво погоре. Јeep Wrangler 4xe е најспособниот Wrangler што сме го создале досега. Подобар е од се’ друго, подобар е од V8, од V6 и од дизел, поспособен е зашто има погон на сите 4 тркала. Можете да работите само со педалата за гас, кога ќе ја пуштите педалата, возилото кочи, не мора да ја притискате педалата за кочење. Тоа е уживанција кога сте на терен (оф роуд). Хард-кор возачите, кои ги има доста во Америка, но ги има и во Европа, гледаат колку е моќен 4xe. Поголема способност, поголемо уживање зашто забрзувањето е фантастично, и тивок е. Поради тоа нашите џипови се уште подобри. Со тоа нашиот производ е поблизок до природата. Затоа сметаме дека нема промена во ДНК-та туку е зајакнување на ДНК-тo и тоа со „напон“.

АБ:  Многу работи се случија. Сега FCA (FIAT Chrysler Auto) сега se дел на огромната Stellantis групација. Каде е Jeep во таа огромна зграда? Како влијае тоа врз вашето носење на одлуки, зашто сте поинакви на некој начин? Секако тоа помага во деловниот аспект, но и ви ја ограничува слободата зашто Таварес е строг во раководењето. Како се вклопувате?

КM: Jeep е голем бренд во Stellantis, би рекол дека е најглобалниот бренд. Тој е многу значаен стратешки бренд, тоа е за првиот дел од прашањето. За вториот дел: Тоа е голема можност зашто имаме четири различни платформи во Stellantis: малa, среднa, големa и т.н. рамка и ги користиме сите инженерски ресурси на Stellantis, софтверскиот инженеринг на Stellantis. Stellantis ни ја дава базата, а јас може да се концентрирам на мојата работа, на она што го прави Jeep она што е. А Jeep” го прават: добрите амортизери, моторизацијата, погонот на сите тркала… Се фокусирам на она што го прави нашиот производ да биде Јеер. Тоа е добра шанса. Не морам да мислам на платформата за базични потреби. Може да позајмиме акумулатори од платформата, не мора да мислам на тоа. Тоа е голема предност. Имаме постигнато критична маса која ја немавме пред тоа. И добро е што, ние како Jeep сме силно присутни во Италија, но немавме пристап до електрификацијата. Сега имаме поголем пристап за да бидеме поприсутни во Европа и имаме производ што е прилагоден за европскиот пазар. Тоа е голема можност за нас!

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER