Зошто Volkswagen Golf GTi нема хибридна подршка и сé уште има мануелен менувач (со видео)

Top News Занимливости

Зошто Volkswagen Golf GTi нема хибридна подршка и сé уште има мануелен менувач?!

Одговорот го дава висок функционер на VW, кој е многу дециден – кога е Golf GTi во прашање, постојат некои нешта што можат, а некои што не можат да се направат

Објавено на 19 мај 2020 година

Новиот Golf GTi требаше да биде претставен на салонот во Женева, каде претставниците на Volkswagen сигурно ќе беа детално распрашувани за него. Но се случи што се случи и некои прашања останаа непоставени. Едно од нив е зошто во ова време на електрификација тој нема хибридна поддршка. Како шеф на дизајнерскиот тим што го развиваше тоа го објасни Клаус Бишоф, кој кажа дека кога овој модел е во прашање владеат одредени правила што ја дефинираат секоја негова нова генерација. Според него постојат некои нешта што можат, а некои што не можат да се направат. Едно од нив е додавањето електромотор бидејќи Golf GTi треба да го задржи чистокрвниот бензински карактер, а кој сака да се вози на струја може да ја избере еднакво силната GTE верзија. Друга работа што ги интересира автомобилските ентузијасти е зошто тој сé уште се нуди со мануелен менувач, а DSG трансмисијата со двојна спојка е опционална. Тој и за ова е јасен – побарувачката за рачен пренос кај Golf GTi сé уште е значајна и заради тоа ќе остане во понуда. Но што и да изберат, купувачите ќе добијат 245 коњски сили кои тој ќе ги конвертира во перформанси што сé уште не се објавени. Не е позната ни цената, која се очекува да изнесува околу 35.000 евра.

Видео

клучни зборови: ,