За секого по нешто
Нашата екипа веќе е тука
Објавено на 11 октомври 2019 година
Во Интер Експо Центарот, салонот на автомобилите во Софија денес по 24-ти пат ги отвори своите врати за новинарите. На него учествуваат повеќе од 75 изложувачи кои а 12.000 квадратни метри ќе претстават 250 експонати. Бројот на премиерите надминува 70 – меѓу нив се 16 нови модели, 13 фејслифтинзи, 18 модификации и други технички иновации. Впечатлив е и бројот на автомобили со алтернативен погон – 13 електрични, 5 плаг-ин хибриди, 17 меки хибриди и 4 на метан. Сето ова го прави еден од најпрестижните во регионот заради што е вброен и меѓу 12-те манифестации на официјалниот календар на OICA, заедно со оние во Париз, Франкфурт, Женева, Детроит и Токио.
Публиката ќе може да се запознае со новитетите од утре до 20-ти октомври. Работното време е од 10:30 до 19:30 часот, а во сабота и недела од 10:00 до 20:00 часот. Влезниците чинат 10 лева, после 17:00 часот 8 лева, а за деца меѓу 8 и 16-годишна возраст 6 односно 4 лева. За сите нив се организирани повеќе атракции – преку 150 автомобили за тест-возење, симулација на формула 1, како и наградна игра во која можат да освојат еден од 12-те понудени автомобили со цена од 28.000 до 63.000 лева.