Започна продажбата на путиновата лимузина
И официјално, руската претседателска лимузина Аурус Сенат доживеа пазарно лансирање
Објавено на 25 август 2019 година
Со отворањето на првиот продажен салон во Москва, производителот на рускиот луксузен автомобил Аурус Сенат, попознат како претседателската лимузина на Путин, започна со нејзината продажба. Цените стартуваат од од 18 милиони рубљи (нешто помалку од 250.000 евра), а заинтерсирани има доста. Повеќе само (ќе) гледаат, но производителот е оптимист и уште од идната година планира проширување на продажната мрежа во Кина, Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. Погонот доаѓа од хибридизиран V8 мотор со 600 коњски сили, а достапна е и блиндирана верзија со зголемено меѓуоскино растојание.
За повеќе за путиновата лимузина кликнете тука.