Кај Opel Corsa и Astra и светлата штедат
Новите Opel Corsa и Astra ја покажуваат својата висока ефикасност и со ЛЕД светлата кои штедат енергија
Објавено на 29 септември 2019 година
Битката за зачувување на човековата околина се води на сите фронтови, чекор по чекор за секоја педа територија. Затоа и ефикасноста на новите модели автомобили не е само во погонските групи – кај новите Opel Corsa и Astra и светлата штедат, бидејќи трошат по само 13 вати, што е заштеда на енергијата од 81%. Тоа директно значи до 1,3 грама помалку CO₂ на секој километар. Сепак нивната основна функција не само што во целост е задржана, туку е и надградена – специјалната технологија на рефлекторот обезбедува оптимална осветленост во сите услови и буквално ја претвора ноќта во ден. „Новите Corsa и Astra ја продолжуваат традицијата на Opel на лидерство во иновациите“, вели Инголф Шнајдер, шеф на технологија за осветлување во Opel. „Нашата развојна цел беше да донесеме оптимална осветленост со минимална потрошувачка на нашите автомобили. Во иднина сакаме да користиме ЛЕД осветлување за заштеда на енергија низ целото возило“, додаде тој.