Електрични возила какви не очекувавте
Верувале или не, Советскиот Сојуз беше еден од лидерите во развојот на електричните возила
Објавено на 27 септември 2019 година
Електричните возила се иднината, но и минатото и тоа отсекогаш – дури и во Русија, и тоа уште од царските времиња. Ова се најинтересните меѓу нив.
Уште при крајот на 19 век инженерот Иполит Романов има конструирано електрично возило кое се смета за прво такво на просторите на руската империја. Имаше две седишта и за тоа време неверојатна максимална брзина од 25 km/h. Романов подоцна има направено верзија од четири седишта, како и електрични автобуси за 17 и 24 лица.
Електричниот автобус на Иполит Романов
Во 1935 година компанијата ZiL, тогаш ZiS, го има преправено камионетот ZiS-5 на електричен погон. Батериите, вкупно 40, се сместени во дрвени сандаци зад кабината, во делот за товар. Автономијата му изнесуваше само 25 km, а максималната брзина едвај 15 km/h. Ова возило се смета за прво електрично во Советскиот Сојуз.
ZiS-5
За советските електрични возила се дозна и во Америка, каде на една изложба во 1978 година беше изложен UAZ-451MI. Привлече големо внимание бидејќи батериите можеа да му се полнат на обична мрежа, со наизменична струја, што го правеше единствено во светот. За тоа требаше час и половина.
UAZ-451MI
Неколку години подоцна се појави и UAZ-3801, со кое беше направен голем чекор напред – максималната брзина од скоро 50 km/h беше рекордна за овој тип возила во тоа време.
UAZ-3801
Претпријатието RAF од Латвија во 1974 година го има направено електричниот минибус 2204 со намера со него да се врши јавен превоз на патници. Имаше максимална брзина од 60 km/h, а со полни батерии кои беа тешки 630 kg можеше да помине 45 km, и тоа со 9 патници.
RAF-2204
Ова е дефинитивно најинтересното руско (поточно советско) електрично возило. Беа направени 6 примерока специјално за олимпијадата во Москва во 1980 година, за превоз на судиите на маратоните и трките во брзо одење на кои издувните гасови и бучавата не беа пожелни. Откако совршено си ја извршија својата работа, возилата беа испратени во сончевите советски републики во централна Азија, каде возеа на соларен погон.